Апелација ја укина пресудата против Министерството за култура: Синдикатот ќе поведе постапка во Судски совет против судијата

Апелациониот суд во Битола донесе Решение со кое се укинува пресудата на основен суд Битола поради една единствена причина, а тоа дека, тужителот не доставил економско вештачање од двете решенија (последното и претпоследното решение за плата) со цел да се утврди дали последното решение за плата од 22.04.2025 е неправилно донесено, пишуваат од Синдикатот на културата на Република Македонија.

„Со тужба поднесена до Основен суд Битола се бара поништување на решението за плата како поединечен правен акт, а не исплата на парични побарувања од работен однос“, пишуваат од СКРМ.

Од таму велат дека економското вештачење кое го бара повисокиот суд во Битола, не може да насочува судска одлука за одреден акт дали истиот е во согласност со Закон и Колективен договор, бидејќи за законистота на актите и примена на колективните договори е одговорен Судот, а не економски вештак.

„Поради овие причини адвокатскиот тим на СКРМ основано смета дека Решението на Апелациониот суд Битола со кое се укинува Пресуда на Основен суд Битола е донесено единствено поради нестручно и несовесно работење.

Поради ова, ќе биде поднесена претставка до Судскиот совет на РМ поради нестручно и несовесно работење на Апелациониот судија“, додаваат од синдикатот.

Пронајдете не на следниве мрежи: