Поднесените жалби за обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска ќе бидат разгледани од страна на Апелациониот суд во Скопје.
Жалби има поднесено одбраната на обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев кои се осудени на доживотен затвор, но исто така и Обвинителството кое не се согласува со одлуката на Кривичниот суд да го ослободи таткото на Вања, Александар Ѓорѓиевски поради недостиг на докази.
Четиринаесетгодишната Вања и 74-годишниот Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Според обвинението, Палевски, Манев, Водевски и Кешишов, според обвинението, заедно го испланирале грабнувањето на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното семејство да даде пари за откуп, а убиството на Жежовски од Велес било направено со намера да го земат неговото возило и да го искористат за грабнувањето на Вања.


