Апокалиптични сцени во Њујорк: тотален колапс, луѓе заглавени на улиците; Вонредна ситуација

Ужасни поплави денеска го погодија Њујорк, а во овој американски град е прогласена вонредна состојба поради екстремните временски услови.

За кратко време наврна огромно количество дожд што предизвика целосен колапс во Њујорк. Возилата кои биле на улица за време на невремето останале заглавени во водата.

Поради обилните врнежи имаше порои од вода, а ветерот корнеше дрвја.

Како што јавува Би-Би-Си, ова е највлажниот септември во „Големото јаболко“ од 1882 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.