Армиски хеликоптери вклучени во гаснење на пожар на Јабланица

Два хеликоптера на Армијата биле ангажирани во гаснењето на пожар на планината Јабланица.
Хеликоптерите се ангажирани поради исклучително непристапниот и тежок планински терен поради што интервенцијата од копно била значително отежната, информира Центарот за управување со кризи.
Во исто време, во регионот на Струга е евидентиран и друг активен пожар во селото Боговица, каде што се дејствува од копно.
– Надлежните институции се на терен и остануваат ангажирани сè до целосно стабилизирање на состојбата, информира ЦУК.

Пронајдете не на следниве мрежи: