Ароматично свинско филе

600 г свинско филе
2 чешниња лук, излупени и исечкани
1 лажица свежо рендан ѓумбир
1 лажичка мелен ким
½ лажичка црвен пипер
масло, сол и мелен црн пипер

Измешајте го кимот со црвениот пипер, ѓумбирот, лукот, солта и црниот пипер, и измачкајте го свинското филе. Маринирајте го околу еден час или во фрижидер цела ноќ.
Испржете го филето во тава за печење со загреано масло на оган, превртувајќи го на 2-3 минути додека рамномерно да порумени од сите страни.
Ставете ја тавата во рерна и печете го филето 10 минути на 200 степени, повремено превртувајќи. Оставете да отстои 10 минути, па исечете го на парчиња и послужете.


Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.