четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ацо Ристов пред избор за нов претседател на РКЕ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ацо Ристов е предлогот за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Тој денеска со мнозинство гласови беше поддржан од Комисијата за избори и именувања во Собранието.
Ристов е дипломиран електро инженер од Радовиш кој од ноември 2021 година до октомври 2025 година, бил и градоначалник на Радовиш.
За вториот кандидат кој беше пријавен на огласот Шамил Реџепи од Тетово, магистер по економски науки, вработен во РКЕ од 2004 година, не се гласаше со образложение дека не ги исполнува условите од огласот.
– Дипломиран економист не е наведено во огласот, а државјанситвото е старо од 1995 година, појасни претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајковски.
За да биде избран Ристов за претседател на РКЕ треба да биде изгласан на пленарна седница.
Ристов ќе го наследи досегашниот претседател Марко Бислимоски кој на 12 февраури годинава поднесе оставка од функцијата.

Поврзани вести