Ачма – турско бело печиво

Состојки
1кг. брашно
1 коцка свеж квасец
250мл. млака вода
1 лажица шеќер
125мл. зејтин
250мл. млеко
2 белки
1 лажиче сол
За премачкување
2 жолчки
2 лажици шеќер
1 лажица вода

Квасецот растворете го во водата и додадете шеќерот. Оставете да запени.
Во длабок сад ставете го брашното, солта, белките, млекото и зејтинот па додадете го квасецот. Замесете тесто. Тестото месете го околу 10тина минути. Треба да добиете фино, еластично тесто кое нема да лепи на рацете. Оформете топка, премачкајте го со малку зејтин, ставете во длабок сад, покријте со крпа и оставете да стасува 30 – 60 минути или додека тестото да го дуплира волуменот. Јас садот го ставам во топла бања, побрзо и поубаво така ми нарастува тестото.
Рерната вклучете ја на 195 степени да се загрева.
Откако стасало, отсекувајте парчиња од тестото со тежина од околу 70гр. Секое парче исукајте го во прачка со должина од околу 15тина см. и завртете ја спирално како сврдел, па оформете прстен. Краевите од тестото ставете ги одоздола. Редете во плехови на хартија за печење. Оставете да стасуваат околу половина час.
Жолчките заедно со шеќерот и водата изматете ги со вилушка. Со оваа смеса премачкајте го печивото и одозгора наросете со сусам. Печете 20 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.