Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на Фејсбук ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека не се потребни хигиеничари, воспитувачи и негователки за децата во градинките.
– Во целост ги отфрлам тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека не треба да има вработување на хигиеничари, воспистувачи и негуватели во струмичките градинки, како целосно неразумни, нехумани, ирационални.
Замислете градинки во кои децата сами ќе се воспитуваат, сами ќе ја одржуваат хигиената…
Нема да коментирам повеќе само ќе заклучам.
Брзо го решаваме проблемот со недостатокот на кадар иако не е наша обврска, но инает заради партиски интерес со цела Струмица нема да има. – напиша Костадинов на Фејсбук.




