Баклава чизкејк

Баклава чизкејк е комбинација од два десерти кои многумина ги обожаваат, а рецептот го освои Instagram и другите социјални мрежи.

Фудблогерката Велдина, авторка на профилот explozija_slatkog на Instagram, го сподели рецептот за овој десерт од кој течат лиги при самата помисла.
На TikTok може да се најдат различни верзии кои вклучуваат користење на различни јаткасти плодови.

Состојки:
Прв фил: 100 гр ореви или ф’стаци, 2 лажици топол путер, 60 гр шеќер во прав. 7/8 парчиња кори за баклава, шеќер во прав за посипување на тестенините, 50 гр растопен путер.
Шербет: 3/4 шолја шеќер (2 dcl), 3/4 чаша вода, 1 ванилин шеќер, неколку капки лимонов сок.
Втор фил: 600 гр грчки јогурт, 2 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 2 лажици цврст јогурт, 1 јајце, 2 лажици брашно. Дополнително: ф’стаци за посипување.

Подготовка:
Прво направете го шербетот, додадете сè освен лимонот, кога ќе зоврие, варете 10 минути и кон крајот додадете неколку капки лимон. Оладете го. Вклучете ја рерната на 200°. Наредете ги корите во круг во калапот и секоја премачкајте ја со путер и посипете со шеќер во прав многу малку додека не се потрошат. Остатокот од кората што минува преку калапот ја отстрануваме со нож. Се ставаат во рерна загреана на 200° да се печат корите четири минути и се вадат. Намалете на 160°, и печете ја баклавата на таа температура еден час.
Пред тоа направете мешавина од јаткасти плодови или по желба само еден вид. Таму се додаваат шеќер и путер и се мешаат, прво тој фил оди на печените кори. Потоа направете го вториот фил. Сите состојки се мешаат, без грутки. Прелијте го врз првиот фил и печете на 160° еден час. Печено е кога корите се фиксирале за филот, а средината малку се тресе. Одозгора посипете ф’стаци. Оставете да се излади 15 минути, а потоа покријте ги рабовите и одозгора со преливот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.