Барањето на Груевски за одложување на затворската казна-одбиено

Молбата на поранешниот премиер, Никола Груевски за одлагање на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот на СЈО “Тенк” судија за извршување санкции при Кривичниот суд ја одби. Постапувајќи по молба за одлагање на извршување на санкција определена со правосилна пресуда во предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк”судија за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое ја одби молбата, се наведува во соопштението од Кривичен суд. Ова решение на судијата за извршување санкции е испратено на странките во постапката кои имаат право на жалба до Кривичниот совет во рок од три дена.
Причините на кои се повикува Груевски се обврските што ги има како пратеник пред се поради актуелните процеси во Собранието поврзани со уставните измени, како прва. Втората причина е поврзана со докторатот кој го одбрани летоска, односно врз основа на докторската теза да напише книга. Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ најдоцна до 8 ноември треба да се јави на издржување на двегодишната казна затвор за случајот “Тенк”, односно набавката на луксузниот мерцедес.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.