Барселона избори ’мајсторка’

Кошаркарите на Барселона се изборија за ’мајсторка’ во четвртфиналната серија со Панатинаикос, откако во Атина забележаа победа со 70:60.Екипата на Шави Пасквал, под притисок на испаѓање, во ОАКА арената одиграа храбро, го контролираа натпреварот од самиот почеток, уште во првата четвртина стигнаа до двоцифрена предност, која ја одржаа до самиот крај.Хуан Карлос Наваро со 17 поени, односно Анте Томиќ со 16 поени, пет скока и три блокади ја предводеа Барселона до победата. Мајкл Брамос со 15 поени го предводеше Панатинаикос, во чии редови целосно потфрли Димитрис Дијамантидис кој мечот го заврши без постигнат поен.Решавачкиот натпревар, по кој ќе биде познат противникот на Реал во полуфиналето на завршниот турнир во Лондон, ќе се одигра на 23.април во Барселона.
МакфаксКошаркарите на Барселона се изборија за ’мајсторка’ во четвртфиналната серија со Панатинаикос, откако во А

Пронајдете не на следниве мрежи: