Бајден: САД нема да и испраќаат ракети со долг дострел на Украина

САД нема да и достават на Украина ракетни системи на долги растојанија кои се способни да напаѓаат длабоко во руска територија, изјави во понеделникот претседателот Џо Бајден. Запрашан од новинарите за изгледите за такви испораки, Бајден категорично ја отфрли можноста.

„Нема да испраќаме во Украина такви ракетни системи“, рече претседателот без да образложи повеќе.

Минатата недела, повеќе американски медиуми објавија дека Белата куќа размислува за испраќање на ракетни системи M270 MLRS и M142 HIMARS во Украина, кои можат да имаат дострел до 500 километри. Ракетниот систем за повеќекратно лансирање М270 (MLRS) и артилерискиот ракетен систем за висока подвижност М142 (HIMARS) се две верзии на ракетни артилериски системи произведени во САД кои можат да испукаат исти типови ракети. Напредното вооружување би им овозможило на украинските сили да нападнат длабоко во руската територија и потенцијално да ги таргетираат големите градови.

Најавата на Бајден во понеделникот беше поздравена од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој рече дека е „разумно“ да се избегне снабдување со такви системи за Киев. Претходно, рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов изрази надеж дека „ќе надвладее здравиот разум и Вашингтон нема да преземе таков провокативен чекор“, што само ќе доведе до натамошна „ескалација“ на конфликтот.

Москва постојано го предупредува Западот да не ја „пумпа“ Украина со разновидно оружје, наведувајќи дека тоа само ќе ги продолжи непријателствата без на крајот да го промени исходот, а со тоа ќе нанесе поголема штета на Украина и нејзиното население. Исто така, ги прогласи залихите на оружје од Запад во земјата за „легитимни цели“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.