четврток, 12 ноември 2026
Најново

Беда и сиромаштија, пријавил Пендаровски во имотниот лист

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Стево Пендаровски, координаторот за НАТО и актуелен кандидат за консензуален претседател, не поседува недвижен имот. Во својот анкетен лист пријавил само дека поседува “Југо“ старо 20 години. Како личен имот, пак, пријавил само 12.000 евра за кои навел дека ги стекнал како наследство.
Од имот на сопругата, Пендаровски навел “Рено Меган“ од 2005 година проценето на 3.000 евра.
Неговиот противкандидат на претседателските избори, професорката Гордана Силјановска, се уште нема поднесено анкетен лист, бидејќи не извршувала никаква јавна функција.

Поврзани вести