Без разлика на резултатот на референдумот, Мицковски нема да поддржи промена на Уставот под овие околности

Не е јасно зошто Мицковски бара реферндум кога цело време изјавува дека не се битни резултатите од истиот. Дали е во прашање обид да се држи во кондиција членството кое е се понезадоволно од тоа како се води партијата?

Предолго трае наративот: – само што не сме победиле на предвремени избори. Членството е се понервозно, а СДСМ е во својата 6та година на владеење со песпектива да го истера без пречки мандатот до 2024.

Без разлика на резултатот на референдумот, Мицковски нема да поддржи промена на Уставот под овие околности

По работниот состанок со претседателот на Стопанската комора на Република Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тврдењето на власта дека референдумот нема да успее истакна дека единствен начин да се види дали ќе успее референдумот е тој да се одржи и да не се бараат изговори формални, туку да се поддржи оваа иницијатива и да им се даде можност на граѓаните да се произнесат.

„Единствен начин да видиме дали ќе има излезност е да се одржи тој референдум да не се бараат изговори, формални, туку да се поддржи оваа иницијатива и да излеземе и да видиме граѓаните дали ќе бидат за она што ние го бараме како одговор на прашањето или против. И од тоа нема поедноставен начин. Така што јас ги охрабрувам еве демократски во насока на европскиот дух, кој што од нивните усти додека крадат не престанува да излегува еве и сега тоа да го направат и второ да ги мобилизираат оние малкумина поддржувачи кои што се уште ги имаат да излезат и да се произнесат во согласност со нивните политики, да бидат против ова наше барање и на тој начин јас сум сигурен дека ќе успее референдумот. Но ќе повторам без разлика на резултатот на референдумот, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нема да поддржи промена на Уставот под овие околности тоа го повторувам, без разлика каков ќе биде резултатот на референдумот”, нагласи Мицкоски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.