Бела сангрија со сладолед

Состојки
400мл бело вино
2 топки ванила сладолед
За овошјето
2парчиња рибизли
2-4 малини
1 парче диња
1 парче праска, кајсија
За декор
1 слатка павлака, шлаг крем

За овој рецепт, нема да пишам точни мерки за тоа што се се прави отприлика.
Ќе запишам што се е потребно и што се’ ставив во него.
Овде оди мешано овошје, зависи што имате или што сакате.
Јас измешав киселкасто овошје, рибизли, малини, јагода, праска, кајсија, а додадов и малку диња, така да ми смени вкус.
Исецкани на парчиња колку вие сакате, додајте ги во чашите во кои ќе служите.
Дополнете со вино, онолку колку има овошје. Покријте го само.
Виното поможност да е ладно.
Врз овошјето спуштете една топка сладолед. Јас ставив ванила.
Потоа декорирајте со слатка павлака, шлаг и овошје по вкус.
Освежете се со оваа малку поинаква сангрија.
Нека е на здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.