Белгија со најсилниот тим ќе гостува во Скопје

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Марк Вилмотс, го објави списокот на играчи, на кои ќе смета за квалификацискиот двомеч со Македонија. Вилмотс повика 24-ца фудбалери, меѓу кои се премиерлигашките ѕвезди Азар, Компани, Дембеле, Вертонген, Вермален и Фелаини.Голмани: Куртуа (Атлетико Мадрид), Жиле (Торино), Мињоле (Сандерленд)Одбрана: Компани (Манчестер Сити),  Вермален (Арсенал) , Вертонген (Тотенхем),Алдервирелд (Ајакс), Ван Бајтен (Баерн Минхен) Циман (Стандард), Жил (Андерлехт), Ломбардс (Зенит), Покоњоли (Хановер).Ред за врска: Витсел (Зенит), Фелаини (Евертон), Чадли (Твенте), Дефур (Порто), Дембеле (Тотенхем), Симонс (Нирнберг).Напад: Азар (Челзи), Бентеке (Астон Вила), Де Брујн (Вердер Бремен), Укаку (ВБА), Мартенс (ПСВ), Миралас (Евертон), Восен (Генк).Белгија во Скопје ќе гостува на 22.март (петок), додека домаќин на Македонија, во Брисел ќе и биде на 26.март (вторник).Инаку, Белгија заедно со Хрватска води на табелата во квалификациската Група А, за пласман на Светското првенство во Бразил, двете репрезентации имаат по 10 бодови. Зад нив со по четири бода следуваат Македонија и Србија, Велс е претпоследен со три бода, додека на дното е Шкотска со два освоени бода.
МакфаксСелекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Марк Вилмотс, го објави списокот на играчи, на кои ќе смета

Пронајдете не на следниве мрежи: