четврток, 12 ноември 2026
Најново

Белгија ќе ѝ достави оружје на Украина во висина од 90 милиони евра

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Белгија ќе ѝ достави оружје за противвоздушна одбрана, противтенковски пушки, пушки и муниција на Украина во вредност од 90 милиони евра.

Тоа е најголема белгиска помош за Украина.

Одлуката за испорака на оружје на Украина треба денеска да биде одобрена од белгиската Влада. Оружјето за Украина ќе биде од белгиските резерви, а недостигот на муниција ќе биде надополнет со нарачка за производство на нова муниција од локалните фабрики.

Според белгиските медиуми, обемот на нарачката може да се спореди со времето на Корејската или Втората светска војна.

Белгија беше меѓу првите земји што обезбеди воена помош за Украина неколку дена по почетокот на руската инвазија на крајот на февруари минатата година. Првичната помош беше проценета на 45 милиони евра. Во септември минатата година, белгиските власти испратија воена помош на Киев за уште 12 милиони евра, што вклучуваше и хаубици.

МИА

– Реклама –








Поврзани вести