Белград и Приштина ги продолжуваат преговорите во Брисел

Преговорите меѓу Белград и Приштина ќе продолжат во среда во Брисел, а српската делегација во Европската унија ја очекуваат со конкретни предлози, пишува во вторникот белградскиот весник Блиц, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори во Унијата.

 Според весникот, договорот на трите страни за продолжување на преговорите бил постигнат во понеделникот, а засега е познато само дека српската делегација ќе ја претставува премиерот Ивица Дачиќ, додека учеството на вицепремиерот и челник на најсилната Српска народна партија (СНС), Александар Вучиќ изворите на весникот не можел да го потврди.
Блиц наведува и дека „еден висок функционер на ЕУ кој сакал да остане анонимен” потврдил дека преговорите ќе бидат продолжени во среда, а дека составите на делегациите ќе бидат усогласени во вторник на 16-ти април.
„Засега е сигурно дека во Брисел доаѓа премиерот Ивица Дачиќ, додека учеството на првиот потпретседател на владата Александар Вучиќ уште е неизвесно. На инсистирање на меѓународната заедница, српските преговарачи ќе дојдат со конркетни предлози”, вели изворот на Блиц.
Иако на крајот од осмиот круг од преговорите меѓу Белград и Приштина за нормализација на билатералните односи, високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон, прогласи дека преговорите на двете делегации се формално завршени, сите инволвирани страни заклучија дека „влогот е преголем и дека на договорот треба да му се даде уште една шанса”.
Според сознанијата на Блиц, услов на српската страна е од договорот да се исфрли делот според кој јужниот дел од Косовска Митровица, мнозински населен со Албанци, да се припои на северот на Косово, а извори блиски на српската влада проценуваат дека се „реални шансите да се случи тоа”, бодејќи, наводно и Брисел и Вашингтон, се подготвени дополнително да ја притиснат Приштина да го прифати ова барање на Белград.
Исто така, Србија ќе биде упорна во намерата еден од апелациските судови да мора да биде во северниот дел од Косовска Митровица, а ќе се инсистира и на полиција, и изрично ќе бара косовските безбедносни сили да не можат да дојдат и да бидат распоредени во северниот дел од Косово.
Според Блиц сигурно дека договорот би требало да биде постигнат „најдоцна до крајот на седмицата, имајќи предвид дека високата претставника на ЕУ, Ештон, на 22-ри април мора да го предаде извештајот за дијалогот меѓу Белград и Приштина на шефовите на дипломатиите н земјите членки на ЕУ”, чија оцена би можело да влијае врз одлуката за евентуално доделување датум за Србија за почнување на преговорите за придружување на ЕУ.
Еврокомесарот за проширување за проширување Штефан Фуле во вторник во Европскиот парламентот ќе го претстави меѓу другото и извештајот за напредокот на Србија за приближување во евроинтеграциите, а во Белград се очекува дека ќе ја пофали подготвеноста на двете страни за учество во дијалогот, но нема директно да нагласи дали Србија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ или не.
Белград и Приштина досега во осум кругови не успеаја да постигнат договор за статусот на косовските Срби, а косовските власти се упорни заедницата на српските општини, за која се согласуваат да не добие извршни овластувања во судството, полицијата, катастарот, образованието итн, како што бараше Белград. Српската влада едногласно на 8-ми април на вонредната седница го отфрли понуденото решение за Косово и предложи итно продолжување на дијалогот со Приштина под покровителство на Европската унија.
По осмиот круг разговори Ештон соопшти дека „разговорите се формално завршени”, Договорот со Приштина е еден од клучните услови за напредокот на Србија во евроинтеграциите и добивање датум за претпристапните преговори за членство во ЕУ.
Преговорите меѓу Белград и Приштина ќе продолжат во среда во Брисел, а српската делегација во Европската унија ја очек

Пронајдете не на следниве мрежи: