Белите патики се повторно во мода

Пред неколку години тие беа неизоставен дел од гардеробата на секоја трендсетерка.

Белите патики оваа пролет повторно се враќаат во мода и слободно можете да го извадите вашиот стар пар од ормарот и повторно да го носите.
Доколку досега не се нашле на листа на вашите омилени трендови, тогаш сигурно не сте запознаени со нивните магии, од кои најмногу се истакнува нивната прилагодливост.
Патиките во неутрална бела боја ќе ви одговараат со сè што имате во вашиот ормар, со оглед на тоа што трендот не се сведува на одреден модел на патики, туку само на нивната боја која лесно се прилагодува на сечиј стил.

Оваа пролет, најмногу стилски поени ќе ви обезбеди комбинацијата на патики и некое неспортско парче како лелеав фустан, здолниште па дури и одело.
Инспирирајте се од Инстаграм и повторно прошетајте ги вашите омилени бели патики.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.