Ова лето преовладува трендот на плетени и мини чанти, но како тоа да не беше доволно, сега сме на прагот на нова модна опсесија: бели чанти.
Белите чанти веднаш го привлекоа вниманието, најпрвин како клач модели од мека кожа (и често со потпис на Ботега Венета), а трендот започна од познатите дами како Бијонсе, Ријана и Роузи Хантингтон-Вајтли.
View this post on Instagram
Но, што ги прави толку посебни? Фактот што не постојат никакви правила освен бојата.
Клач чанти, големи или мали, дамски класични модели кои изгледаат како од модно списание и сите други модели кои ги имаме на ум.
View this post on Instagram
Сѐ што можете да замислите, можете да го носите и да бидете во тренд. Без разлика на моделот, чантата ќе се вклопи во сите можни комбинации и е одличен контраст на исончаниот тен.
Погледнете како ги носат познатите дами:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.