Белорусија го смени Уставот, се откажа од својата неутралност и ненуклеарен статус

Институтот за проучување на војната (ISW) во својот последен извештај наведува дека Белорусија го променила текстот на Уставот за да се откаже од својата неутралност и ненуклеарен статус, што е потврдено од белорускиот генералштаб.

Заменик-началникот на белорускиот генералштаб, полковник Андреј Богодел, вчера изјави дека Белорусија ги направила неопходните измени на својот Устав со откажување од неутралноста и отстранување на делот за ненуклеарен статус, за да одговори на „надворешните предизвици и закани“

Овој потег на Минск доаѓа откако Русија испрати тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека во Белорусија е пристигнато првото тактичко нуклеарно оружје што ќе биде стационирано таму.

Американскиот претседател Џо Бајден потоа предупреди дека руската закана за употреба на тактичко нуклеарно оружје е „реална“.

Пронајдете не на следниве мрежи: