Заборавете на смешкањето пред камерата и ова лето завртете ѝ го грбот. Сакате ли да бидете еден чекор поблиску до најновиот тренд на Инстаграм? Оваа нова поза за фотографирање мора да ја знаете, но се сомневаме дека многу од вас ќе се осмелат да ја применат.
Славните дами летово ги преплавија нивните Инстаграм профили со таканареченото „Белфи“ што е новата верзија на селфи, а и најлесен начин за собирање лајкови ова лето.
Како што и самиот назив ни открива (белфи, односно bottom selfie), станува збор за селфи, чиј фокус е на задникот на девојката која што позира и по можност да биде во костим за капење.
Многу славни дами, меѓу кои се и Хрватките – Ела Дворник и Маја Шупут кои се решија да го покажат својот задник, додека манекенката Емили Ратајковски ја усовршила уметноста за правење „белфи“ и летово објави веќе неколку. Тие се облечени во танга која што повторно е актуелна и хит на плажите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.