четврток, 12 ноември 2026
Најново

БИБЛ: Куманово обезбеди пласман на Ф4

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кошаркарите на Куманово, во својата дебитантска сезона во Балканската кошаркарска лига (БИБЛ) изборија пласман на завршниот турнир.Кумановци во претпоследното коло во Топ 6 фазата, на домашен терен го совладаа црногорскиот преставник Теодо од Тиват со 96:90 (19:14, 28:22, 29:22, 20:32).Куманово до победата го предводеа Ли со 24 поени, 12 скокови и пет украдени топки, Луковиќ со 18 поени и 12 скокови, Костовски со 18 поени и шест асистенции, Јанески со 14 поени и седум асистенции, односно Димчевски со 10 поени.Завршниот турнир во БИБЛ лигата ќе се одигра од 19. до 21.април, а домаќинот ќе биде дополнително одреден.  Покрај Куманово место меѓу најдобрите четири екипи обезбедија Галил Гилбоа и Левски.
МакфаксКошаркарите на Куманово, во својата дебитантска сезона во Балканската кошаркарска лига (БИБЛ) изборија пласман на завр

Поврзани вести