Бизарен тренд во најава: Жените полудеа за овие скапи гаќи од тексас

Ако класичните фармерки сепак се предолги за вашиот вкус, пристигнува нешто токму за вас…
Откако модниот свет преферираше (пре)долги фармерки, а потоа и фармерки кои изгледаат како да се испрскани со кал, време е за уште еден потполно бизарен тексас-новитет. Да, како сите оние претходни да не ни беа доволни…
Парискиот бренд „Y/Project“, на чело со дизајнерот Глен Мартенс, претставиле нешто досега невидено – тексас гаќи.


Всушност станува збор за (пре)кратки шорцеви, направени од тексас, кој премногу потсетува на долна облека. Сепак, просторот низ кој може да ставите ремен, исто како кај класичните фармерки, укажува дека сепак не станува збор за гаќи.
Но, многумина дополнително ги збунил описот на ова парче облека.


„Овие кратки шорцеви можат да се носат под или над панталони, што значи дека се многу поразновидни од она што би го очекувале од обичниот пар гаќи. Тоа е долна облека која не мора да биде одоздола“, се вели во описот. Па, тогаш, дали тие навистина се гаќи или панталони?
Што и да се, нивното носење не изгледа нималку пријатно, а мора да признаеме дека за вакви модни комбинации, сепак треба прилично голема храброст.
Инаку, ако сакате во својата колекција да го имате и овој модел на панталони, за таа сатисфакција ќе мора да издвоите дури 340 долари. Многу пари за малку материјал, нели?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.