Мелиса Сузан Хајсмит исчезнала како бебе во 1971 година, кога била земена од станот на нејзиното семејство во Форт Ворт, Тексас, од жена која се претставувала како дадилка. Имала само 21 месец. Родителите ја барале со децении, надевајќи се на чудо – и го пронашле 51 година подоцна.
Нејзиното семејство немало поим колку всушност била блиска со нив. Мелиса Сузан живеела сите овие години во истиот град каде што била киднапирана, но под друго име – Мелани. Таа пораснала не знаејќи дека нејзините биолошки родители никогаш не престанале да ја бараат.
Пресвртот се случи благодарение на генетското тестирање преку 23andMe, кое ја поврза ДНК-та на децата на Мелиса со онаа на нејзините биолошки родители. Нејзиниот брат Џеф, кој е роден по киднапирањето и никогаш не ја запознал, контактирал со нејзиното семејство, а потоа и со самата Мелиса. На почетокот таа не верувала во тоа: „Ќе се молам за тебе, но не мислам дека сум твоја ќерка“, одговорила таа.
Сè се промени кога нејзиниот сопруг ја пронајде Фејсбук страницата што семејството Хајсмит ја водеше со години во потрага по неа. Таа виде слики од бебето и почна да се сомнева… Реши да направи ДНК тест. Резултатот го потврди она што таа повеќе не можеше да го негира – таа беше изгубена ќерка.
Мелиса во интервју за Си-Би-Ес изјави дека жената што ја одгледала ѝ признала дека ја купила во бар во 1972 година за 500 долари (околу 400 евра). Таа знаела дека тоа е бебето што го барале родителите.
– Срцето ќе ми препукне од емоции! – рече Мелиса, која сега планира да го врати своето вистинско име. Нејзините родители, Алта и Џефри Хајсмит, не ги криеја солзите за време на интервјуто.
– Денот кога ја видов повторно беше најубавиот ден во мојот живот – рекла нејзината мајка.
Братот Џеф истакна дека сега целиот случај ќе го предаде на полицијата.– Да ја пронајдеш по 51 година… Тоа е сон што станал јаве – рече тој.
Мајката на Мелиса, Алта, имала само 22 години кога објавила оглас во весник во кој барала дадилка. Се договорила да се сретне со жената што се јавила, но не се појавила. Неколку дена подоцна, повторно се јавила и рекла дека доаѓа да го земе бебето. Алта била на работа, па цимерката ја предала Мелиса на жена која изгледала уредно, носела бели ракавици и изгледала доверлива. Но, таа никогаш не ги вратила.
По повеќе од половина век – семејството е повторно заедно. Под годините болка и потрага, верата остана – и љубовта што никогаш не исчезна.
The post Била киднапирана како бебе и продадена за 400 евра: нејзиниот брат ја пронашол по 50 години, и тоа на место каде што никој не ја очекувал appeared first on Во Центар.



