Билбао и Локомотив финалисти во Еврокупот

Екипите на Билбао и Локомотив Кубан ќе играат во финалниот меч во кошаркарскиот Еврокуп. Билбао и во вториот меч го победи украинскиот преставник Будивељник од Киев.Откако на првиот натпревар шпанскиот тим победи со 10 поени разлика, во реваншот во Билбао забележа триумф со 75:73. Мумбру и Хамилтон со по 13 поени беа најефикасните кошаркари на Билбао, во поразениот тим се истакна Лајонс со 20 поени.Локомотив Кубан, во вторникот загуби од Валенсија со 63:68, но благодарение на победата од 10 поени на првиот меч се пласира во финалето.Финалниот натпревар по кој ќе биде познат освојувачот на трофејот ќе се одигра во белгискиот град Шарлроа на 13.април.Победникот во Еврокупот следната сезона ќе игра во Евролигата.
МакфаксЕкипите на Билбао и Локомотив Кубан ќе играат во финалниот меч во кошаркарскиот Еврокуп. Билбао и во вториот меч го по

Пронајдете не на следниве мрежи: