Дел од зградата на германскиот конзулат е погоден во ракетен напад врз главниот град на Украина.

Зградата на германскиот конзулат во Киев е оштетена во ракетниот напад утринава врз главниот град на Украина, пренесува Билд.
Како што пренесува Билд, засегнат е одделот за визи.
Поранешниот претседател на фондацијата Бел во Киев, Сергеј Сумлени, ги објави фотографиите на Твитер и им напиша на канцеларот Олаф Шолц и на министерката за надворешни работи Аналена Бурбок.


