Бил Гејтс ја навреди претседателката на Јужна Кореја

Американскиот милијардер, филантроп и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс се најде во центарот на културолошки скандал откако беше обвинет дека ја навредил Парк Геун Хје, претседателката на Јужна Кореја.Корејските медиуми остро го критикуваа Гејтс бидејќи се ракувал со претседателката додека левата рака ја држел во џебот на панталоните. Новинарите му замериле и затоа што бил многу лежерно облечен за таа прилика.Речиси сите национални весници ја објавија фотографијата на Гејтс и претседателката на насловните страници. Некои поради почит кон претседателката ја исекле сликата за да не се гледа раката во џеб, додека другите тој дел посебно го истакнале.Гејтс беше во посета на Јужна Кореја за да одржи предавање за работата на добротворната организација „Фондација Бил и Мелинда Гејтс“ на собирот во Народното собрание во Сеул. Во таа прилика се сретнал со студентите и директорите на Самсунг а потоа и со претседателката на земјата.„Културолошка разлика и неучтивост?“ е насловот во весникот „ЏонгАнг“, додека другите ставиле нагласок на лежерното и неучтиво ракување.„Можеби тоа е одраз на неговиот американски стил, но  раскопчано сако и ракување со другата рака во џеб?! Тоа е премногу лежерно, чин што е секако за жалење“ рекол генералниот секретар на Народното собрание за АБС news.Инаку ракувањето во Јужна Кореја и делови од Азија се смета за израз на непочитување и обично е резервирано за младите или за блиски пријатели. Никој од опкружувањето на Гејтс не го коментираше ова.
МакфаксАмериканскиот милијардер, филантроп и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс се најде во центарот на културолошки скандал от

Пронајдете не на следниве мрежи: