Битиќи: Пензискиот фонд за три години ќе биде неодржлив

При носењето на одлуката за линеарно зголемување на пензиите, во собранието укажав дека буџетскиот дефицит во ПИОМ од 31 отсто да се зголеми на 48 отсто и да кажете ништо не се случува во државата, вели Фатмир Битиќи, пратеник и поранешен вицепремиер за економски прашања, во  „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Мора на пензионерите, мора на сите млади, мора на сите генерации да им кажете дека зафаќањето што го правиме со линеарното зголемување наспроти усогласувањето, методолошки предвидено, кое што на крај на денот ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите, а не само линеарно за сите, дека цената е оваа. А, цената е дека за три години, пензискиот фонд ќе биде неодржлив“, смета Битиќи.
Во поглед на кментар за предложениот Буџет за 2026 тој смета дека тое е потрошувачки буџет, затоа што 90 отсто од буџетот е наменет за тековните расходи, 10 отсто за некакви капитални инвестиции.

„Ако оваа година, 2025-та, која е чиста година на владеачкото мнозинство, покажа дека има капацитет за 50 отсто спроведување на капиталните расходи, тоа значи дека овие 10 отсто ќе останат 5 отсто на крај на годината во 2026. Толку е капацитетот. И ако 90 отсто отидат во тековни расхови, затоа што таму не можеш да не ги трошиш, оти на секој први ќе дојде некој, ќе тропа и ќе рече „треба да се плати ова, сакал ти или не сакал“. Прашањето е за пет години од денеска каде ќе бидеме“, подвлече Битиќи.

Пронајдете не на следниве мрежи: