Денес во 00.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(40) од Битола.
Тој се сомничи дека на 18.03.2024 околу 23.35 часот со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, како и неколку столбчиња пред влезот на казиното.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.