Блинкен го повика Хамас да го прифати предлогот на Израел за примирје и ослободување на заложници

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го повика Хамас брзо да го прифати израелскиот предлог за примирје и ослободување на израелските заложници кои ги држи палестинската милитантна група.

Претставниците на Хамас се очекува да се сретнат во Каиро со посредници од Катар и Египет за да одговорат на предлогот на Израел за прекин на огнот.

Единственото нешто што стои меѓу луѓето во Газа и прекин на огнот е Хамас и тие мора да донесат одлука, и тоа брзо, рече Блинкен на самитот на Светскиот економски форум во саудискиот главен град Ријад.

Пронајдете не на следниве мрежи: