Блокадите на грчката граница поради протестот на земјоделците остануваат на сила и денес

  Нема прецизни информација која граничен премин  , колку време ќе биде блокиран но најавите се дека блокадите остануваат.

Блокадите продолжуваат на  грчката граница поради протестите на земјоделците и со Бугарија и со Северна Македонија.
Моментално, ситуацијата на граничниот премин Кулата-Промахон е мирна, а сообраќајот се одвива нормално, како за патнички автомобили, така и за тежок товарен сообраќај, пишува БНТ.
Отоврената граница што ја  оставија грчките земјоделци што протестираа беше прооден  од вчера од 16:00 часот и ќе продолжи до денес до 10:00 часот. После тоа, се очекува земјоделците повторно да го блокираат контролниот пункт.
Градоначалникот на Петрич, Димитар Брачков, изјави дека ситуацијата во моментов е непријатна, но ако продолжи уште неколку дена, ќе стане сериозна. „Многу камиони беа затворени на територијата, најмногу во Петрич, неколку во општина Сандански. Зборуваме за над илјада камиони, од кои секој е директно поврзан со бизнис“, рече тој.
Кусо по 18 часот попладнево по локално време, грчките земјоделци одново го затворија граничниот премин Евзони и веќе речиси четири часа беше прекин.
Поради блокадите, граѓаните кои планираат да патуваат кај јужниот сосед, најдобро е да го користат граничниот премин Дојран

Евзони вчера  беше само неколку часа отворен, за да поминат камионите кои чекале за излез од Грција, но и автомобилите заглавени во делот меѓу двете граници.
На Ники (Меџитлија) претпладнево стигна конвој трактори и кусо го блокираа сообраќајот за влез и излез од Грција.
Земјоделците од регионот на Пеонија, веќе четврти ден имаат паркирано над 150 трактори на грчката страна од граничниот премин, а денеска пристигнаа дополнителни околу 130 трактори од градот Јаница.
Пракса на земјоделците, како и во изминатите години за време на нивните протести, е да не ги најавуваат блокадите, со оглед на тоа што тракторите и земјоделските возила се паркирани на граничните премини и остануваат таму, а на секојдневни состаноци, надлежните земјоделски комисии одлучуваат кога и на колку време ќе блокираат.
Оваа пракса веројатно ќе се следи и во следните денови, а земјоделците, барем засега, немаат намера да отстапат.
Во внатрешноста на Грција, кај месноста Никеа во близина на Лариса има околу 1.800 трактори и затворен автопатот Солун-Атина, кај градот Кардица во блокот учествуваат над 2.000 трактори, а блокада има и на излез од Солун во правец кон Атина.
На повеќе локации каде што се блокадите, земјоделците поставија и новогодишни елки, што во Грција се толкува како порака дека нема да отстапат и доколку е потребно, празниците ќе ги поминат на улица.
Грчките земјоделци, протестите ги започнаа во неделата, најавија постепено интензивирање до 5 декември, а засега нема информации до кога ќе траат.
Се очекува преговорите да продолжат, а демонстрантите ќе бараат компромисно решение. Се очекуваат дополнителни тензии поради прогнозираниот црвен код за обилни врнежи од дожд во поголемиот дел од Грција, што би можело да влијае на протестите и барем привремено да ја промени ситуацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: