недела, 15 ноември 2026
Најново

Блокирана патеката на Матка поради сериозна опасност од одрони

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од вчера (26 февруари) стапува во сила целосна забрана за движење по планинарската и пешачката патека кон кањонот Матка. Причината е високиот ризик и сериозната опасност од уривање на карпи и одрони кои можат да ги загрозат животите на посетителите.

Официјална одлука на институциите Забраната не е само препорака, туку официјална безбедносна мерка донесена од надлежните органи за заштита на граѓаните:

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Одлуката е донесена од страна на Општина Сарај на 19 февруари 2026 година.

Мерката се базира врз основа на стручен акт издаден од Дирекцијата за заштита и спасување (под број 57-2071-1).

„Забраната стапува во сила од денеска и ќе трае сè до престанок на опасноста на теренот“, се децидни надлежните.

Апел до посетителите

Се упатува строг апел до сите љубители на природата да не го ризикуваат сопствениот живот и животот на спасувачките екипи.

Сите рекреативци, планинари и туристи строго се молат да ја имаат на ум оваа забрана и целосно да го избегнуваат движењето во овој дел од Матка додека не се објави дека патеката е повторно безбедна за користење.

Поврзани вести