„Блумберг“: За да надомести за рускиот гас, ЕУ се изнакупувала руски течен гас (ЛНГ)


Европската унија ја намали зависноста од руските енергетски извори со забраната за увоз на јаглен и планираното ембарго на нафтата, но увозот на едно руско гориво бележи раст и веројатно нема да се соочи со бојкот на ЕУ во скоро време, пишува „Блумберг“.

Како што0 објави изданието, европскиот увоз на течен природен гас (ЛНГ) од Русија за една година се зголеми за околу 40 отсто, бидејќи купувачите се обидуваат да компензираат за намалената достава на руски гас преку гасоводите.

„Тоа е горчлива пилула за многумина во 27-члената унија која воведе тешки санкции кон Кремљ со цел да му ги одземе приходите за финансирање на војната во Украина“, забележува „Блумберг“.

ЕУ потрошила рекордни 12.5 милијарди евра за увоз на руски ЛНГ од јануари до септември 2022 година, петпати повеќе од претходната година.

Растечката побарувачка од земји како Франција и Белгија ѝ помогна на Русија годинава да стане втор најголем снабдувач на ЛНГ во северозападна Европа. Иако Русија е далеку зад САД во однос на испорачаниот течен гас, таа го престигна Катар, покажуваат податоците од мониторингот на бродовите и пристанишниот сообраќај.

Пред нападот на Украина во февруари оваа година, гасот од Русија беше најтрошениот енергенс во Европа.

МИА

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: