Бог да чува: Во Србија тело на бебе најдено во замрзнувач, уапсена мајката

Полицијата во Србија, во Ресавица кај Деспотовац, нашла дете на новороденче, пренесува РТС повикувајќи се на полициски извори во Јагодина.

Уапсена е 32-годишната мајка А. Ѓ. која има уште пет деца.

Телото на бебето било ставено во замрзнувач, пренесува РТС, повикувајќи се на неофицијални сознанија.

Телото е испратено на обдукција и по завршените вештачења ќе се знае што е причината за смртта, дали станува збор за убиство или природна смрт.

Не се знае ни колку време бебето било во замрзнувач, пишуваат српските медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи: