По “превртените” фармерки, британскиот бренд “Boohoo” пушти во продажба една сосема нова верзија на женско боди.
Додека некогаш бодито претставуваше парче кое пружа топлина во текот на зимските денови, за овој нов модел не може да се каже истото. Компанијата “Boohoo” постојано предизвикува револуција во модните трендови, а судејќи според нивните тврдења, бодито со предна танга е денес во мода.
Жените ширум светот останаа збунети од ваквиот модел кој се продава по цена од 15 долари.
“Плачам додека го гледам ова злосторство против човештвото”, напишала една жена на сајтот “Mumsnet”, а друга додала: “Предна танга – два збора кои никогаш не би требало да одат заедно”.
Другите се прашуваат што се случило со вагината на манекенката која го презентира ова боди и дали таа воопшто има. За работите да бидат полоши, ова парче е изработено од 95 отсто полиестер и 5 отсто еластин.
Изненадувачки или не, бодито со предна танга веќе пронајде свои купувачи, а продавачот нагласува дека истото се носи во комбинација со здолниште или шорцеви.