Боки 13 на слобода, добил прекин на казната

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода. Причината е лошата здравствена состојба во која се наоѓа, за која Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе клиники, но и повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.

Пред осум месеци, му беше отстранет и скоро целиот желудник.
Хамас ја презеде одговорноста за нападот на преминот меѓу Израел и Газа
Вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас, Бригадите Ал Касам, ја презеде одговорноста за денешниот напад на преминот Керем Шалом меѓу Израел и Газа, во кој, според извештаите …
Почина капитанот на Титаник! Легендарниот актер ја загуби битката на 79 години: Се памети и по неговата улога во Господар на прстените (фото)
Актерот Бернард Хил, најпознат по улогите во „Титаник“ и „Господар на прстените“, почина на 79-годишна возраст, јавуваат светските медиуми.Публиката го памети како капетанот Едвард Смит во филмот награден со Оскар од …

Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, а откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот.

Боки 13 поднесе и куп кривични пријави против политичари, бизнисмени, обвинители. Тие требаше да ги процесира Обвинителството, а нивната судбина е непозната за јавноста…. 

„По однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице. Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, изјави неговиот адвокат Туфегџиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.