Боки13 бил на оперативната маса повеќе часови, состојбата била сериозна

Заврши операцијата на Бојан Јовановски која траеше четири часа, потврди неговиот адвокат Сашо Дуковски. Тој објаснува дека се работело за сериозен зафат за кој ќе треба подолга рехабилитација.

Боки13 бил на оперативната маса повеќе часови, состојбата била сериозна

На Бојан му се остранети сите предканцерогени ткива и голем дел од желудникот. Операцијата заврши успешно и сега тој е на интензивна нега-потврди Дуковски.

Поради неговата лоша здравствена состојба неговиот правен тим бараше прекин на затворската казна, но барањето беше одбиено.

Јовановски од затвор го најави и случајот „Бумеранг“ со околу еден милион „бомби“, разговори и смс пораки за актуелни политичари, судии,обвинители и функционери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.