Полицијата денеска информира за уште еден случај на обљуба на дете во Скопје.
Имено, вчера попладне 56 годишен татко од Скопје пријавил дека соседот Д.П. (78) го обљубил неговиот малолетен син.
Како што е наведено што пријава обљубата се случила во два наврати, на 25-ти и 30-ти септември оваа година.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Инаку, 30 дневен куќен притвор вчера му беше одреден на 81 годишен скопјанец од Кисела Вода кој во својот дом допирал по интимата 9 годишно девојче кое било негов сосед. Тој ја искористил приликата во момент кога девојчето побарало услуга од него.