Бомбашите од Бостон планирале напад и во Њујорк

Напаѓачите на Бостонскиот маратон имале намера да изведат напад и во Њујорк, изјави во четвртокот градоначалникот Мајкл Блумберг, пренесува AFP.„Њујорк беше нивната следна мета“, изјавил на прес-конференцијата за новинарите и прецизирал Блумберг дека браќата Тамерлан и Џохар Царнаев планирале да предизвикаат експлозија и на славниот њујоршки Тајмс Сквер.Градоначалникот на Њујорк придружуван од началникот на полицијата Реј Кели појаснил дека оваа информација ја дознале од истражителите во Бостон на основа на исказите на помладиот од браќата етнички Чечени кои добиле американско државјанство, 19-годишниот Џохар Царнаев кој при апсењето во саботата беше ранет во вратот и е хоспитализира.Претходно шефот на њујоршката полиција го наспомна планот на двајцата браќа, за што помладиот вината ја префрли врз својот брат 26-годишниот Тамерлан Царнаев кој почина во болница по престрелката со полицијата минатиот петок во бостонското предградие Вотертаун, за напад во Њујорк за некоја прослава.За да извлечат што е можно повеќе информации, и во крајна линија да дознаат дали браќата Царнаеви дејствувале сами или имале мрежа која стои зад нив, истражители го применуваат „исклучокот за јавната безбедност”, за да го испитаат. Таа мерка значи дека за Царнаев нема да важат следните неколку дена правата наречени „Миранда”, коишто му дозволуваат да се брани со молчење, како и да може да биде испитуван без присуство на адвокат.Помладиот Царнаев за двете експлозии во интервал од 12 секунди во кои на 15-ти април на целната рамнина на Бостонскиот маратон во кој загинаа три лица од кои едно осумгодишно дете а 264 се ранети, е обвинет за употреба на оружје за масовно уништување и намерно уништување имот со помош на експлозиви што предизвикало загинување на луѓе.
макфаксНапаѓачите на Бостонскиот маратон имале намера да изведат напад и во Њујорк, изјави во четвртокот градоначалникот Мајк

Пронајдете не на следниве мрежи: