БОМБИЦИ СО КОКОС

4 јајца

250 г маргарин

150 г шеќер во прав

250 г дробени бисквити

150 г потпечени дробени лешници

50 г какао

1 ванилин шеќер

250 г кокосово брашно

Со миксер изматете ги жолчките, маргаринот и шеќерот во прав.  Додадете ги какаото, ванилиниот шеќер, бисквитите и лешници, и измесете ја смесата со рака.

Формирајте ги бомбиците и свалкајте ги во кокосово брашно.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.