Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за евакуација на нивните граѓани, дипломатски персонал и привремено затворање на амбасадите во Иран и Израел, објави РТВ.
На вчерашната седница, Претседателството на БиХ одлучи привремено да ги затвори амбасадите во Иран и Израел. Во меѓувреме, помош за граѓаните во двете земји ќе обезбедат дипломатските и конзуларните претставништва во Турција, Хашемитското Кралство Јордан и Египет.
Министерството за надворешни работи на Советот на министри на БиХ објави дека шест граѓани во Техеран побарале конзуларна помош, а двајца во Тел Авив, кои бараат евакуација. Тие наведуваат дека се обидуваат да организираат безбедна евакуација за овие граѓани на БиХ со помош на меѓународни партнери. Тие исто така додаваат дека нема информации за повредени или смртни случаи во конфликтот што избувна меѓу Израел и Иран.



