Иако некои нијанси се синоним за одредени сезони, нема строги правила. Ова лето, сè е во знакот на сините тонови, а бојата на лаванда, поточно пастелно виолетовата е една од омилените. Оваа боја е интересна за комбинирање и може да создадете секојдневен, но и деловен изглед.
Бојата на лаванда е хит нијанса за ова лето
Како да ја комбинирате бојата на лаванда?
Нијансите кои совршено ја надополнуваат бојата на лаванда се пастелно розовата, сината, бојата на коњак и портокаловата. Ако сакате да играте на сигурно, изберете неутрални тонови како бела, црна или сива боја. Бојата на лаванда можете да ја додадете во вашата гардероба и преку модните додатоци. Во продолжение погледнете ги фотографиите што ќе ве инспирираат како да ја комбинирате оваа боја.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.