Браво, со магариња ќе одиме – Николоски: Целосно пропадна тендерот за пругата кон Бугарија

Вицепремиерот иминистер за транспорт Александар Николоски во разговор за „360 степени“ изјави дека целосно пропаднал јавниот повик за пругата кон Бугарија – и за изведба и за надзор. Николоски вели дека проектот бил прескап за македонски услови, особено што се работело за „бавна пруга“.

Николоски рече дека единствен начин да се изведе проектот е тој да биде заеднички со Бугарија – во спротивно тој нема намера да распишува нов тендер под услови како досегашните.

„Тоа значи дека треба да седнеме со Бугарија… заеднички да направиме проект, да видиме дали оваа линија е најдобра, да видиме дали има подобра линија, јас мислам дека има и заеднички да направиме проект, заеднички да најдеме финансирање и заеднички да го тендерираме. Само така има логика“, рече тој.“

Пронајдете не на следниве мрежи: