Бразилски десерт без печење: Чоколадна торта со редени бисквити

Pavê е бразилски десерт кој најчесто претставува слоеви од фил и бисквити, а оваа чоколадна торта е токму таква.
Оваа чоколадна торта редена со бисквити ќе ви стане омилен десерт за сезоната пролет-лето.
Се подготвува лесно, не треба да се пече и се служи ладна – идеална за овој период.
Неодоливо вкусна и се топи во уста!

Потребни состојки:
2 лименки кондензирано млеко
2 лажици какао
30g путер
200g сечкано темно чоколадо
400g слатка павлака
480g чоколадни бисквити по желба
½ шолја чоколадни трошки
Начин на подготовка:
Измешајте ги кондензираното млеко со какаото и ставете ги на среден оган. Додадете го путерот и темното чоколадо и мешајте додека смесата не почне да се одлепува од тавчето.
Додадете ја слатката павлака и мешајте додека смесата не се соедини. Оставете малку да се олади.
Во сад, ставајте наизменично слој фил па слој чоколадни бисквити.
Одозгора наросете со чоколадни трошки и оставете во фрижидер најмалку 3 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.