четврток, 12 ноември 2026
Најново

Брачна двојка се преселувала 18 пати за три години поради стравот на жената од лебарки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Индиските медиуми неодамна известија за бизарен случај на млад пар кој сменил 18 куќи за само 3 години поради екстремната фобија од лебарки на неговата сопруга.
Двојката од Бопал, Индија, долго време се надевале дека ќе најдат куќа без лебарки, но сопругот сега се подготвува да поднесе барање за развод, пренесува Одити Централ.
Сопругот, кој работи како софтверски инженер, станал свесен за фобијата на неговата сопруга – што се вика кацаридафобија – веднаш по нивната венчавка во 2017 година. Еден ден таа започнала да вреска и истрчала од кујната и ги исплашила сите во куќата. Таа тврдела дека видела лебарки и одбила да се врати во кујната и инсистирала да најдат нов дом.
Двојката се преселила за прв пат во 2018 година, но не требало долго за жената повторно да ги види лебарките во новата куќа, па повторно се преселиле. Наводно се преселиле дури 18 пати, а на сопругот тогаш му здодеало.
Ја однел жената кај неколку психијатри, но таа наводно одбила да ја земе препишаната терапија. Нејзиниот екстремен страв започнал да влијае на врската на двојката, а нивниот брак сега е пред пропаст.
Жената тврди дека нејзиниот сопруг не го разбира проблемот и се обидува да ја прогласи за ментално болна, додека тој имал доволно преселби и се подготвува да поднесе барање за развод.

Поврзани вести