Брејк на Голден Стејт, Њујорк и Мајами стигнаа до 2-0

Кошаркарите на Њујорк Никс поведоа со 2-0 во плејоф серијата со Бостон Селтикс, ист е резултатот и во дуелот помеѓу Мајами и Милвоки, додека Голден Стејт со победата во Денвер го израмни резултатот на 1-1 во оваа серија.Њујорк, во првите две средби против Бостон, максимално ја искористи предноста на домашниот терен и забележа две победи. Вториот натпревар кој се одигра во „Медисон Сквер Гарден“ Никси го добија убедливо со 87:71.Бостон одигра добро во првото полувреме по кое имаше предност со 48:842, но играта на Селтикс целосно се распадна во третиот период кој им припадна на Никс со 32:11.Њујорк прв пат по 2000 година и финалето во Источната конференција врза две победи во плејофот.Кармело Ентони со 34 поени го предводеше тимот до победата, најдобриот шести играч во лигата Џеј Ар Смит уфрли 19, а Рајмонд Фелтон 16 поени. Кај Бостон најпрецизен со 18 поени беше Пол Пирс.Бранителот на титулата Мајами ја забележа втората победа над Милвоки. Двејн Вејд и Крис Андересн ја креираа серијата на Мајами од 12-0 со која тимот стигна до победата од 98:86. Вејд постигна 21, Џејмс кој имаше лоша реализација уфрли 19 поени на кои придодаде осум скокови и шест асистенции. Турскиот репрезентативец Ерсан Иљасова со 21 поен беше најефикасниот играч на Милвоки.Голден Стејт направи брејк победувајќи во Денвер со 131:117 и го израмни резултатот во серијата на 1-1.Голден Стејт е првата екипа која победила во Денвер по речиси три месеца, Денвер го забележа само четвртиот пораз во 43-от натпревар сезонава на домашен терен.Вориорс до победата ги предводеше Стефон Кари со 30 поени и 11 асистенции, додека уште тројца играчи на тимот постигнаа преку 20 кошеви – Џерет Џек (26 поени, 7 асистенции), Харисон Барнс (24 поени)  Клеј Томпсон (21 поен).Најпрецизен кај Денвер беше Тај Лосон со 19 поени и 12 асистенции, 19 кошеви уфрли и Кори Бруер. Поен помалку за Денвер реализираа Андре Милер и Андре Игудала.
МакфаксКошаркарите на Њујорк Никс поведоа со 2-0 во плејоф серијата со Бостон Селтикс, ист е резултатот и во дуелот помеѓу Ма

Пронајдете не на следниве мрежи: