Брза пита со готови кори, сирење и јајца

Состојки
500гр. тенки кори (за баклава)
околу 200мл. зејтин
300гр. сирење
4 јајца
околу 400мл. млеко
За премачкување на питата
2 лажици зејтин
2 лажици газирана вода

Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
Корите поделете ги по 3-4 за секој ролат.
Секоја кора се прска со неколку лажици зејтин. На третата кора се става дробено сирење, се витка внимателно во ролат и се реди во правоаголна тава. Од 500гр. кори мене ми излегуваат 5 ролати. Откако ќе ги направите ролатите, премачкајте ги со мешавината од зејтин и газирана вода и исечете ги на парчиња со големина по ваша желба.
На страна изматете ги јајцата со жица за матење, насолете и додадете го млекото. Со оваа смеса налејте ја питата и ставете да се пече 30 минути на 200 степени и уште 10 минути на 180 степени.
Оставете малку да излади па служете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.