Брза пита

 

250 г брашно
125 г маргарин
1 јајце
3 лажици вода
250 г парчиња свежи шампињони
200 г коцки чадена сланина
1 домат исечен ка коцки
1 страк праз исечен на полукругови
150 г рендан кашкавал
75 мл млеко
75 мл хопла
3 јајца
1 лажица исечен магдонос
сол и мелен црн пипер
Замесете тесто од брашното, маргаринот, водата и 1 јајце, и оставете го во фрижидер.
Парчињата сланина, шампињони и праз испржете ги. Посолете, наросете црн пипер и тргнете од оган. Во филот додадете ги млекото, хоплата, кашкавалот, магдоносот и 3 јајца, и промешајте.
Од тестото развлечете кора и ставете ја во тава. Избоцкајте ја со виљушка и печете 15 минути на 200 степени. Нанесете ги филот и парчињата домат, и печете уште 20 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.