Брз и неодолив десерт…
СОСТОЈКИ:
8 јајца
250 гр шеќер
250 гр путер
250 гр бадеми
200 гр чоколадо за готвење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете снег од осум белки. Посебно разматете осум жолчки, 250 гр шеќер, 250 гр путер, 250 гр чоколадо и 250 гр бадеми. Спојте со снегот од белки.
Печете во загреана рерна 30 минути така што ќе остане сочна. Прелијте кога ќе се излади со глазура од чоколадо.
Уживајте!